Квалитетни и талентирани музички кадри секоја година излегуваат од Државното музичко училиште Тодор Скаловски Тетоец. Интересот за упис во оваа образовна установа од година вгодина е се поголем. Со тоа се зголемува бројот на ученици и наставен кадар, но не и просторните услови.
Генрации на ученици и наставници своето образование и кариера ја поминуваат во истите претесни простории на Државното музичкото училиште Тодор Скаловски Тетовец. Директорот на оваа образовна установа Љупчо Перински, вели дека ги имаат имаат сите технички услови но и кадар за професионално изучување на материјата, но со просторните услови мака мачат веќе подолг период.
Тој вели дека за овој проблем се обратиле до Општина Тетово и централните власти за доградба или надградба на посточкиот објект на училиштето.
Синоќа се одржа редовен програмски настан односно концерт на учениците од професоерите Глигор Кондовски и Ивица Зафировски
Зоран Димовски


