Не само што е украдена 200 литри нафта од булдожерот, туку бил оштетен и системот за довод на гориво. Ова низ фото илустрација од расчистувањето го објави месната заедница Галичник, објавувајќи вест дека е расчистен метарскиот снег кон селото.
„Денес е пробиен Царевец. Атрактивно за фотографирање ![]()
А сношти, ноќеска, беа украдени 200 литри дизел и беше оштетен системот за довод на гориво на булдожерот. Случајот е пријавен во ПС Маврово и направени се увид и записник за настанатата штета. Механизацијата е ангажирана од Makedonijapat и Јавно претпријатие за државни патишта“, напишаа од МЗ Галичник.



