Украдена нафтата од булдожерот кој го пробивал патот кон Галичник – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/19 1:02 PM

Украдена нафтата од булдожерот кој го пробивал патот кон Галичник

Не само што е украдена 200 литри нафта од булдожерот, туку бил оштетен и системот за довод на гориво. Ова низ фото илустрација од расчистувањето го објави месната заедница Галичник, објавувајќи вест дека е расчистен метарскиот снег кон селото.

„Денес е пробиен Царевец. Атрактивно за фотографирање
А сношти, ноќеска, беа украдени 200 литри дизел и беше оштетен системот за довод на гориво на булдожерот. Случајот е пријавен во ПС Маврово и направени се увид и записник за настанатата штета. Механизацијата е ангажирана од Makedonijapat и Јавно претпријатие за државни патишта“, напишаа од МЗ Галичник.