Прва посета на кинески премиер на Хрватска откако таа се осамостои – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/19 12:47 PM

Прва посета на кинески премиер на Хрватска откако таа се осамостои

Кинескиот премиер Ли Кечијанг од денеска е во прва официјална посета на Хрватска, при која тој ќе учествува и на самитот на шефови на влади на замјите од средна и источна Европа и Кина. Ова е прва посета на еден кинески премиер откако пред 27 години двете држави воспоставија дипломатски односи. Кинеската државна делегација е составена од околу 250 членови.

Во Бански Двори денес беа потпишани пет меморандуми и еден протокол, со што, покрај другото, ќе се овозможи и извоз на хрватско млеко и млечни производи на кинескиот пазар.

Шефот на кинеската влада најави дека двете држави влегуваат во „дијамантски период на односи“.

Во последните години има се’ повеќе кинески инвестицииво Хрватска, Кинезите работат на хрватски патишта и пруги, годишната трговска размена помеѓу двете земји е околу една милијарда евра, а лани 250.000 кинески туристи ја посетиле Хватска.