Судот потврди: Поротник од предметот за 27 април си дал оставка – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/19 12:34 PM

Судот потврди: Поротник од предметот за 27 април си дал оставка

Судија- поротник сам побарал од Судечкиот совет да биде разрешен од функцијата, а не како што беше објавено во некои од медиумите, поради тоа што бил револтиран од пресудата. Ова го објаснуваат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, како што стои во соопштението, по „повеќе новинарски прашања и натписи поврзани со еден од судиите -поротници кои беа дел од судечкиот совет со кој претседава судијата Добрила Кацарска“.

– Како суд ги демантираме сите објавени шпекулации и ја информираме јавноста  дека поротникот самиот побарал од Судскиот совет да биде разрешен од функцијата судија – поротник, а истиот повлекувањето од функцијата го најави уште од претходно и тоа заради здравствени причини, но останал се’ до донесување на првостепената пресуда за предметот поврзан со настаните од 27 април се со цел да не наштети на постапката, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Дали оставката на судијата – поротник  ќе влијае на другите постапки кои се водат пред истиот судечки совет, судот дека предметите, заради промена на советот, формално се почнати од почеток и  не само што се доведени во фазата во која биле претходно, туку се и во понапредна фаза со оглед да на претходните расправи се изведени нови докази и сослушани нови сведоци.

-Па затоа оваа промена на советот не претставува никаква пречка во понатамошната постапка нити причина за одолговлекување на предметите, појаснува Основниот суд Скопје 1- Скопје