За една минута на интернет се случуваат еден милион посети на Фејсбук, 4,5 милиони видеа се репродуцираат на YouTube, а се праќаат вкупно 41,6 милиони пораки преку WhatsApp и Messenger (Фејсбук). Во рок од една минута се регистираат 3,8 милиони пребарувања на Google, 347,222 брзи прегледи на Instagram, а се троши близу еден милион долари онлајн.

Минатата година канадската компанија “Visual Capitalist”, која ги евидентира трендовите во економијата и технологијата и од која Statista ги составува податоците, го спроведе истото истражување. Нема големи разлики кај клучните играчи на интернет. Фејсбук и Гугл забележаа многу мали зголемувања. Google направи 100.000 повеќе пребарувања за една минута оваа година, со речиси 30.000 дополнителни врски на Фејсбук.

Другите платформи покажаа поголема активност оваа година во минута. Netflix речиси тројно (во една минута) го зголеми бројот на луѓе кои ја следат неговата содржина, а Instagram го удвои бројот на луѓе кои ја посетуваат платформата.
Според најновите податоци (февруари 2019), кои ги собира SimilarWeb, за најпопуларните веб-сајтови во светот, пребарувачката алатка на Google е на врвот, со 57,34 милијарди посетители во февруари. Следи Youtube со 22,77 милијарди посетители, потоа Фејсбук со 19,21 милијарди активни корисници. Четврто место е за кинескиот пребарувач baidu.com, кој само во февруари имаше 9 милијарди. На осмото место по Википедија, Јаху,Твитер и Инстаграм е порно веб-сајтот, pornhub.com со 3,1 милијарди посетители во текот на февруари.


