Шеснаесетгодишен мигрант од Либија, кој се криел под автобус, е пронајден во Сребреница, во која автобусот пристигнал од Сараево. Мигрантот, кој бил закачен на шипка во близина на тркалата, се претпоставува дека го одбрал автобусот со италијански регистарски таблички зашто мислел дека со него ќе оди во Италија, пишуваат босански медиуми.
Но, со автобусот патувале италијански туристи од Сараево во Сребреница. Малолетникот во несвесна состојба е упатен во болницата во Зворник, а потоа треба да и биде предаден на Граничната полиција на БиХ.


