Како најдобар работник, Емрах Рого деновиве од сопственикот на сараевска фирма добил на подарок автомобил „ауди А-8“.
– Една фирма опстанува само со добар тим. Овој гест е од срце – рекол за „Телеграф рс“ сопственикот на фирмата, Семир Козиќ.
Емрах останал изненаден и зачуден од гестот.
– За мене ова е голем шок. Не знаев дека има намера да ми подари автомобил. Да се каже едноставно „благодарам“ на ваков подарок не е доволно – изјавил тој.


