Веб сајтот на ДИК не е во функција, поради оштетување на серверот – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/19 12:55 PM

Веб сајтот на ДИК не е во функција, поради оштетување на серверот

Во ек на претседтаелските избори, веб страницата на Државната Изборна Комисија веќе втор ден не е во функција. На истата веб страница граѓаните имаат можност по електронски пат да проверат дали ги има на избирачкиот список, со што овие денови таквата можност им е скратена.

Од Државната изборна комисија информираат ваквиот прекин е технички аспект и дека работат на отстранување на дефектот.

„Во понеделникот се случи краток спој во електричната инсталација. Како последица од него се оштети УПС во систем на сала и серверот на кој беше веб сајтот на ДИК. Се прават напори денес да се оспособи серверот“, велат од ДИК.