Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за кризата во Либија – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/19 9:56 AM

Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за кризата во Либија

Советот за безбедност на ОН денеска зад затворени врати ќе расправа за Либија, каде што во тек се судири во главниот град Триполи, соопштуваат дипломатски извори за светските новински агенции.

Силите на Либиската национална армија минатата седмица почнаа офанзива врз Триполи, во кој е седиштето на меѓународно признаената Влада. Светската здравствена организација објави дека од почетокот на офанзивата загинале најмалку 47 луќе.

Во Либија владее хаос по смената и убиството на некогашниот лидер Моамер Гадафи во 2011 година. Со земјата владеат две влади. Едната во Триполи, а втората во Бенгази што ја предводи командантот на самопрогласената  Либиска национална армија, која главно ја сочинуваат војници и офицери што своеверемено ја напуштиле редовната либиска армија.