Израел: Нетанјаху на пат по петти пат да биде премиер – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/19 9:16 AM

Израел: Нетанјаху на пат по петти пат да биде премиер

По 97 отсто од пребројаните гласови, партијата Ликуд на Бенјамин Нетанјаху освои 37 мандати, а сино-белата коалиција што ја педводи Бени Ганц – 36. По прелиминарните резултати, синоќа двата главни ривала прогласија победа.

Како што објавуваат светските агенции, нетанјуховата десничарска коалиција би можела да има 65, а левицата и центристите, заедно, може да сметаат на 55 места во 120-члениот парламент.

Во изборната трка учествуваа четириесетина партии. Никогаш ниедна партија сама не добила мнозинство, па Израел секогаш има колациски влади.