Егоров по 12 години носи медал за Македонија од сениорско ЕП – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/19 5:44 PM

Егоров по 12 години носи медал за Македонија од сениорско ЕП

По пауза од 12 години, Македонија се враќа со медал од едно европско првенство во борење. Попладнево на европскиот шампионат во Романија, Владимир Егоров (-57 кг) беше подобар од Андреј Дуков од Романија со 7-4 и успеа да донесе сениорски медал од ЕП за нашата земја.

Егоров поведе со 2-0, и со предност замина на пауза. Во втората рунда Романецот израмни, па и поведе со 4:2, но Егоров имаше извонредно враќање во мечот со што успеа комплетно да го сврти резултатот во своја полза и со конечни 7-4 да се закити со бронзата.