Преминот Џепиште – Требиште можеби ќе добие струја, ама за вода ќе почека – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/19 5:06 PM

Преминот Џепиште – Требиште можеби ќе добие струја, ама за вода ќе почека

Независниот полициски синдикат реагираше на условите во кои работат полицајците на заедничкиот граничен премин со Албанија,  Џепиште- Требиште.

Преминот всушност една барака, без вода и струја. Тоалетот за полицајците е расипан, поради што физиолошките потреби мора да ги извршуваат во природа, а во недостаток на струја, се користат акумулатори. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, прашан денеска од новинарите, одговори дека прв приоритет е струјата.

-Преминот Џепиште – Требиште има најголем проблем заради тоа што не е електрифициран и тој е отворен, само колку да биде отворен. Јас преземав иницијатива МВР прво да обезбеди електрификација на овој премин. Информацијата вчера што ја добив од ЕВН е дека сите градежни би завршиле некаде до крајот на мај месец, да ја направиме електрификацијата, одговори Спасовски.

Овој премин се чини не е заборавен само од македонска туку и од албанска страна. Спасовски во јануари дека  го информирал својот албански колега Сандер Лешај дека македонските власти ги преземаат неопходните мерки за да се подобрат условите и инфраструктурата преминот.

Но, и покрај тоа, тука ништо не е променето, реагираше Дејан Саздов од Независниот полициски синдикат.

-Оваа е таа жална ситуација за која НСП бурно реагираше Полициски Службеник кој својата работа ја извршува во времен објект без вода, струја, тоалет во нестандардни услови замислете за земја која претендира да стане членка на ЕУ. Ова е тој жив срам, рече Саздов, кој го пренесе ставот на граничните полицајци дека условите за работа не само што се под професионално, туку и под човечко ниво.