Кога се ќе се стави на едно место се добива огромна сума. Реал Мадрид и Герет Бејл имаат исклучително скап брак кој „Кралскиот клуб“ досега го чинеше цели 236.000.000 евра. Огромна сума на пари, а во истата спаѓа и тоа што Бејл е платен 101.000.000 евра плус платата за досегашните шест сезони во белиот дрес.
Бејл беше купен од Тотенхем во 2013. година за 101.000.000 евра и досега мина шест години во тимот. А како изгледаше неговата плата во текот на ова време до сега. Кога ќе се погледне сумата која Бејл ја доби на основа на плата се добива износ од 136.000.000 евра, според пресметките на „АС“.
Шпанците на основа на овие податоци пресметале дека секој гол на Велшанецот го чинел Реал Мадрид околу 2.300.000 евра. И не е толкав проблем бидејќи Бејл досега постигна 102 гола за Реал.
Проблем се бројните повреди. Многу време мина крај теренот поради истите. Од 2013. година до сега одигра 225 натпревари, така што отприлика за секој натпревар добил 1.000.000 евра. Поточно 1.048.888 евра.
Негова најдобра сезона во Реал беше првата. Тогаш даде 22 гола на 44 натпревари, што значи дека секој гол го чинел клубот 1.600.000 евра, а секој натпревар 790.000. Најлоша му е сезоната 2016/17 кога го чинеше Реал најмногу пари. Одигра само 27 натпревари и даде девет гола. Оваа сезона многу лесно би можела да биде последна за Бејл во дресот на Реал.
Секако, тука мора да се истакне влијанието во освојувањето на четирите титули во ЛШ, како и една титула во Ла Лига, Кралскиот Куп, како и три УЕФА Суперкупови. Сите се сеќаваат на фантастичните ножички и двата гола во финалето од ЛШ против Ливерпул. Даде гол и против Атлетико во 2014. година во 110 минута, беше прецизен во пенал рулетот против истиот противник во финалето две години подоцна.
Ако сакате такво нешто, морате скапо да платите, а Реал го направи токму тоа.


