Две повреди на работа од почетокот на месецот во Кочани – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/19 3:06 PM

Две повреди на работа од почетокот на месецот во Кочани

Уште една повреда на работа во Кочани регистрирала полицијата. Вчера во 11.10 часот во Полициската станица – Кочани, од Општата болница било пријавено дека околу 09.00 часот кај нив со повреди бил донесен Д.Ц.(59) од Кочани. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при изведување на градежни работи на зграда во Кочани. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кочани и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот

На почетокот на месецов  имаше пријава за повреда на работник во кочанска печатница. На 1 април беше пријавено дека во болницата со повреди бил донесен Е.Х.(53) од Кочани.