Филипче: Проблемот со недостиг на медицински персонал во селските амбуланти ќе се решава преку мобилен патронажен систем – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/19 2:44 PM

Филипче: Проблемот со недостиг на медицински персонал во селските амбуланти ќе се решава преку мобилен патронажен систем

Проблемот со недостиг на медицински персонал во селските амбуланти ќе се решава преку мобилен патронажен систем, но и систем да една лекарска служба опслужува повеќе селски амбулантинајави Министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека двата системи со кои ќе се решава проблемот со недостиг на медицински персонал во селските амбуланти ќе започне да се применува на ниво на цела држава.

Министерот рече дека во тек е постапката за набавка на возила за Брза Помош, со кои кубурат сите итни медицински служби.