Во вила во селото Ѕвегор,делчевско, се самоубил со бесење дваесет и тригодишниот А.З.од Штип.
Двесет и тригодишниот А.З е син на поранешниот градоначалник на Штип,Илчо Захариев.
Информациите велат дека во 9.45 минути случајот бил пријавен во Итната помош во Делчево.Екипа веднаш се упатила до местото и можела само да констатира смрт на момчето.По десет минути пристигнале и екипи од други надлежни институции,кои извршиле увид на лице место.
Од Обвинителството потврдија дека е направен увид на местото каде е најдено телото. Нема траги на насилство. Земени се материјали од местото и предадени на понатмошна истрага. Телото е предадено на обдукција во Делчево.
23 годишниот А.З веќе две години повлечено и мирно живеал во викендичката во селото Ѕвегор од коде потекнува Захариев.


