Либија ја тресат странски интереси – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/19 12:00 PM

Либија ја тресат странски интереси

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, ја коментираше моменталната состојба во Либија, осврнувајќи се посебно на тврдењето на министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Силвини, дека економските интереси на некои странски земји може да стојат зад воените операции во Либија и нејзината престолнина Триполи.

– Секогаш зборувавме дека Франција и Италија имаат посебни интереси во Либија, дури Саркози беше и еден од најголемите заговорници за симнување, а потоа и ликвидиање на Моамер Гадафи, заедно со Американците и Британците – истакнува Тајани.

Тој смета дека и Франција направила драматична историска грешка со надеж за свое посилно присуство во Либија, но на крајот останал само хаос и сега и двете земји ја плаќаат цената  на мигрантските бранови. Предупредува и дека ако веднаш не се преземат мерки за решавање на либиската криза, состојбата во земјата целосно ќе излезе од контрола.

Ескалирачката криза во Либија почна да се одмотува во четвртокот, кога Либиската национална армија на фелдмаршалот Халифа Хафтар почна офанзива врз главниот град Триполи со цел да се бори против наводните терористи. Од друга страна, силите лојални на Владата на национално единство соопштија дека ќе почнат контраофанзива „Вулкан на бесот“.