Израел гласа: Се одлучува за судбината на Нетанјаху – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/19 9:08 AM

Израел гласа: Се одлучува за судбината на Нетанјаху

Избирачките места се отворени во 7 часот, а Израелците денеска ќе изберат нов 120-член парламент и ќе донесат одлука за натамошната судбина на актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавуваат агенциите. Избирачките места ќе се затворат во 22 часот, а прелиминарните резултати треба да бидат познати неколку часа подоцна. Право на глас имаат 6,3 милиони граѓани.

Најголем проблем во кампањата на владејачката партија Ликуд („Обединување“) беа сомнежите за вплетканост на Нетанјаху во три случаи на корупција, што и’ го отвора патот на „Сината и бела партија’ која ја предводат поранешниот воен командант Бени Ганц и поранешниот министер за финансии Јаир Лапид.

Ако партијата на Нетанјаху победи, тоа би можел да биде негов петти мандат на чело на владата.