Има ли нешто поубаво од тоа да си дојдете дома и да ве дочека мирис на пролет, а насекаде да има по неколку гранчиња виолетови и бели јорговани?
Јоргованот е препознатлив по својот мирис кој потсетува на пролет, а доволно е да ставите само неколку мали гранчиња во вазна или тегличка, за аромата да се рашири насекаде низ домот.
Искористете ја пролетта и практикувајте што почесто да носите по неколку гранчиња кои ќе ги ставате во вода на неколку места низ домот.


