Бројката на заболени лица од морбили не се намалува – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/19 3:13 PM

Бројката на заболени лица од морбили не се намалува

Бројката на заболени лица од морбили не се намалува. Досега се регистрирани 850 лица заболени од морбили, а дневно на Инфективната клиника во Скопје се јавуваат од 7 до 8 пациенти заболени од мали сипаници.

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека епидемија на морбили има се’ уште во градовите чии што пациенти биле лечени на Инфективната клиника во Скопје.

„Среќа е штo немаме автохтона епидемија во внатрешноста на Македонија“, изјави Филипче.

Тој ја потврди статистиката од невладините организации дека над 35 % оде пациентите се лечат на приватните клиники. Според него, се прават напори и модели како оваа бројка да се намали.

Министерот Филипче денеска одржа предавање пред студентите на Медицинскиот факултет при Тетовскиот универзитет.