По речиси три месеци бегство по вооружениот инцидент пред кочанската дискотека „Аква“, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, Драганчо Стоименов(40) познат како Дацо Белски самиот се предал на полицијата.
Стоименов стана недостапен за органите на прогонот во јануари годинава, откако по вербална расправија, пукаше и го повреди Драган Здравев во кафе барот „Аква“ во Кочани. Веднаш по инцидентот, Стоименов избега. Од обвинителството потврдуваат дека Стоименов сам се пријавил и дека е завршен распитот пред судија. За него веднаш е определена мерката притвор.
Стојменов беше сведок и оштетен во случајот „Детонатор“, потоа сведочеше во една престрелка во Скопје пред неколку години. Александар Василевски Нинџа го нападна Стоименов и го рани, но во судскиот процес Нинџа доби минимална затворска казна.
Извор:1ТВ


