Поп и aр-ен-би ѕвездата Р. Кели наплатил по 100 долари од свои обожаватели за настап од 28 секунди во клуб во Спрингфилд. Некои од луѓето се согласиле, но други негодувале, разочарани од барањето на пејачот.
Критиките на интернет одат во насока на тоа дека „тој сака од сè да прави пари“. Откако парите биле собрани, тој го зел микрофонот и отпеал 28 секунди од хитот „I Believe I Can Fly“.
Сепак, оние кои го следат редовно знаат дека вчера, пред настапот, тој објави видео на Инстаграм, каде што објаснува дека му требаат пари за одбраната во идните процеси по обвиненија за сексуално злоставување, па и дека очајно му требаат настапи. Според обожавателите кои сепак се согласиле да платат, „пејачот Р. Кели“ треба да се издвои од „обвинетиот Р. Кели“, а други се убедени дека обвинувањата против него се лаги. Дел од нив пак, велат дека тие 28 секунди не вредат 100 долари.
Документарецот „Преживувајќи го Р. Кели“ објавен во март повторно го актуелизираше контроверзното сексуално минато на пејачот, па веќе се најавуваат нови обвиненија.


