Градинката „Олга Мицеска” од Кичево со превентивни мерки за заштита од морбили – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/19 1:01 PM

Градинката „Олга Мицеска” од Кичево со превентивни мерки за заштита од морбили

Детската градинка „Олга Мицеска” од Кичево донесе указ со кој се забранува прием на деца кои не примиле вакцина против морбили, рубеола и паротит (МРП), иако во моментов нема заболени деца кои престојуваат во оваа установа. Ова денеска го соопшти директорот од градинката, Садик Ахмети. Според него, оваа превентивна мерка следи откако во градот се регистрирани повеќе од 35 заболени.

Директорот на Здравствениот дом во Кичево,  Џабир Бајрами и докторката Алексадра Аврамоска денеска пред родителите и вработените во градинката одржаа предавања за заштитата од оваа заразна болест.

„Целта ни е да информираме и превентивно да делуваме кај родителите и вработените во оваа установа за оваа заразна болест“, истакна доктор Бајрами.

Во единствената градинка „Олга Мицеска” во Кичево во моментов се згрижени 160 дечиња, кои доаѓаат главно од градското подрачје.