Преговарачот од ВМРО-ДПМНЕ за новиот закон за јавното обвинителство, адвокатот Тони Менкиноски денеска бил повикан на средба во Министерството за правда, но побарал одложување на средбата, по градењето на партиски ставови – потврдило ресорното министерство за Македонската информативна агенција.
-Менкиновски беше повикан на средба денеска, но одговорот е дека се’ уште немаат изградено ставови за одредени прашања и побара одложување на средбата, по градењето на партиски ставови – велат од Министерството.
Поканата за денешната средба доаѓа по изјавата на Менкиноски дека иако на последната средба со министерката за правда, Рената Дескоска откако доставиле 65 амандмани за Законот и се договориле да се видат повторно за амандманите, иако поминало повеќе од една недела таа му се немало јавено.


