Пратеникот Антонијо Милошоски е на редовното Парламентарно Собрание на Советот на Европа, како дел од македонската делегација. На социјалната мрежа Твитер објави фотографија од неговата акретидитација што ја носи околу вратот, со пречкртачно „Северна“ од името на державата што ја претставува.
„Македонија/ Macedonia е името на народната воља, согласно референдумите од 1991 и 2018 година! Искористи ја за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и достоинството на секој Македонец!“, напиша Милошоски.
Сепак, пратеникот не напиша дали на масата во ППСЕ, седи пред картичка Република Северна Македонија или Република Македонија, односно дали успеал и на картичката да го пречкрта „Северна“ од името.
Под споделената фотографија на Твитер, корисниците го потсетуваат Милошоски на неговите разговори во „бомбите“ со тогашниот премиер Никола Груевски, во кои тој му дава предлози за промена на името на државата, па споменува „Вардарска“, „Северна“ како можни алтернативи.


