Поминувањето на црвено стана спорт во државата – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/19 9:01 AM

Поминувањето на црвено стана спорт во државата

Во текот на изминатиот викенд, скопската полиција санкционирала 21 возач, поради поминување на крстосница на црвено светло.  Се чини, државниот буџет добро ќе се поткрепи само ако сообраќајната полиција се наоѓа на секоја крстосница. Често прекршување е и возење на нерегистрирани возила.При контролата на полицијата, 60 возила биле нерегистрирани.

Што се однесува до останатите прекршоци, од сообраќај се исклучени 90 возачи од кои: тројца затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 72 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 15 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 62 возила бидејќи 60 биле нерегистрирани и две возила поради претовар. Санкционирани се 21 возач поради поминување на крстосница на црвено светло, 17 возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум возачи поради неправилно престројување, девет возачи поради неправилно престигнување, шест возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 28 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 14 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 42 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 274 мандатни платни налози и 151 возило се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатите денови се случиле 21 сообраќајна незгода во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 20 лица со телесни повредим, соопшто СВР Скопје.