Физичка пресметка во дискотека во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/19 2:27 PM

Физичка пресметка во дискотека во Штип

Ноќеска во дискотека во Штип дошло до физичка пресметка помеѓу две лица.

Два часа по полноќ, 22 годишниот Г.И од Штип пријавил дека истиот тој ден околку час и половина по полноќ во дискотека на улица „Партизанска“ во Штип  бил физички нападнат од лицето А.А.

Полицијата работи на расчистување на случајот.