Копенхаген: Еден загинат и четворица повредени во престрелка – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/19 11:10 AM

Копенхаген: Еден загинат и четворица повредени во престрелка

Еден човек загина, а четворица се повредени во престрелка што синоќа се случила северно од Копенхаген, соопшти данската полиција. Се претпоставува дека инцидентот е последица на конфликт меѓу две локални банди.

Локалните властите сè уште го бараат осомничениот или осомничените.

Според полицијата, меѓу повредените нема случајни минувачи.