Беличанец ја пронашол нејзиниот сопруг – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/19 9:06 AM

Беличанец ја пронашол нејзиниот сопруг

Од Министерството за внатрешни работи излегоа со официјални информации за смртта на актерката Билјана Беличанец Алексиќ. Од таму потврдуваат дека Беличанец си го одзела својот живот, а дека веќе мртва во нивниот стан ја пронашол нејзиниот сопруг.

„На 06.04.2019 г.околу 22,30 часот,во ПС Центар С. М. пријавил дека на ул. „Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција“, соопштија од МВР.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи и со лекари по судска медицина синоќа изврши увид на лице место во стан во Скопје, каде беше пронајдено починато едно женско лице. Безживотното тело на починатата го пронашол нејзиниот сопруг, кој ја известил полицијата. Телото на починатата е предадено за обдукција, а јавниот обвинител издаде и наредба за вештачење на трагите подигнати и обезбедени на лице место.