Јапонска вселенска агенција соопштила дека експлозив кој е фрлен вчера од нивното летало Haiabusa 2 успешно за прв пат ја уништило површината на астероидот со што се формирало кратер и се отворил пат за собирање поземни примероци за можни траги за потеклото на Сончевиот систем.
Вчерашната мисија била една од најразличните досега на Haiabusa 2 затоа што мораше веднаш да се движи подалеку за да не го погоди остатоци од експлозијата, пренесува АР.
Haiabusa 2 во февруари успешно допрел до површината на астероидот кога и собра прашина и ситни остатоци.
Планирано е леталото да го напушти астероидот на крјаот од 2019 година, а на крајот на 2020 година да донесат на Земјата површински фрагменти и подземни примероци.
Астероидот кој го доби името „Риуг“, по подводната палата во јапонската народна приказна, е околку 300 милиони километри од Земјата.


