Ако ви се оди на отворено море на подолго патување, би требало да се упатите на крајбрежјето на градот Сонмијани во Пакистан.
Рускиот остров Карадински одалечен е од него 32.090 километри, што воедно е најдолга непрекината морска линија на светот, наведуваат научниците од ирскиот истражувачки центар „Јунатјдед технолџис“.
Доктор Рохан Чабуксвар и неговиот колега Кушал Мукерџи кои обожаваат да решаваат посебно забавни мозаици, па овој пар го прифатил предизвикот кога на сајтот Redit 2012 година еден корисник напишал дека најдолгата непрекината морска линија на светот ги поврзува Пакистан и Русија.
Научниците го земале својот сопствен алгоритам, кој ја потврдил теоријата на Патрик Андерсон, се наведува во магазинот „MIT Технолџи ривју“.
Во текот на истражувањето испитани се 5 билиони точки на Земјата, истакнува магазинот „Смитсонијан“.
Научиниците исто така го пронашле најдолгото непрекинато патување на копното. Тоа е долго 11.2421 километар, и почнува во Кина, а завршува во Португалија.


