Во 25 градови, минатата ноќ, во Србија се одржаа протести против режимот на претседателот Александар Вучиќ , со барање за слободни и фер избори.
Протестите кои се одржуваат од 30 ноември минатата година во над 50 градови на Србија секој петок и секоја сабота и синоќа беа организирани од здружението “1 од 5 милиони”.
“Не сум верувал дека по 20 година ќе мора повторно да бидам на улица во борбата против неправдата, злобата и лагите на власта. Сега сме должни да преземеме решителен чекор за да решиме еден сложен проблем создаден од лагите и аномалиите на власта. Нема да има иднина, а тие зборуваат за нашата иднина, а во исто време одовде, од јужна Србија, секој ден заминуваат кон ЕУ најмладите и најталентираните “, рече пратеникот Дејан Николиќ пред демонстрантите во Врање.
“На 13-ти април / ќе има национален протест во Белград – бел.ред. / Треба да им покажеме колку сме многубројни , но протестот нема да запре тогаш, бидејќи тоа е народен и граѓанска отпор против диктатурата”, рече на протестот во Нови Сад уметник Бранислав Лечиќ.
Синоќа протести имаше уште и во Суботица, Кикинда, Смедерево, Лесковац, Ниш, Крушевац, Краљево, Чачак, Гарни Милановац, Ужице, Ваљево, Шабац, Пажаревац, Зайечар, Параќин и други.
Протести се закажани и за денеска во неколку градови.


