Американскиот претседател Доналд Трамп порачал дека САД се “полни“ и оти имиграциониот систем е “преоптоварен“ и дека илегалната миграција мора да се запре.
„Навистина постои вонредна ситуација. Ова е колосален налет и преголем е за нашиот имиграционен систем, тоа не можеме да дозволиме да се случи. Не можеме повеќе да ве примиме. Нашата земја е полна“ – изјавил Трамп при обиколката на реновираниот дел со мексиканската граница, пренесува „АП“.
Трамп како што наведува агенцијата, безбедноста на границата ќе ја користи како клучна теза во својата кампањата за новиот мандат во 2020 година.


