Неверојатно откритие: Пронајден фосил од четириножен кит, стар 43 милиони години – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/19 11:43 AM

Неверојатно откритие: Пронајден фосил од четириножен кит, стар 43 милиони години

Фосил од кит со четири нозе кој е стар дури 43 милиони години пронајден е во Перу, пренесуваат светските медиуми.

Палеонтолозите веруваат дека овие мориски цицачи, долги околку 4 метри, биле прилагодени на живот и во вода и на копно.

Со четири екстремитети и способност да ја носат својата тежина и силен опаш, полуводениот кит може да се спореди со видрата или дабарот.

Истражувачите веруваат дека ова откритеие може да ја расветли еволуцијата на китовите и како се ширеле.
„Ова е целосен модел на четириножен кит некогаш пронајден“, изјавил Оливије Ламбер, научник од Кралскиот белгиски институт за природни науки.

Древниот кит пронајден е во морксите седименти во близина на крајбрежјето на Пацификот, на местото Плаја Медиа Луна, пренесува порталот Klix.ba.

Се смета дека првите китови за прв пат еволуирале во јужна Азија пред околу 50 милиони години. Како нивното тело полека се развивало за живот во вода, така тие мигрирале далеку кон Северна Африка и Северна Америка, каде исто така пронајдени се фосили.