Во Франција забранети се имплантите за гради кои се поврзуваат со редок вид на рак – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/19 10:42 AM

Во Франција забранети се имплантите за гради кои се поврзуваат со редок вид на рак

Франција стана првата земја во светот која воведе забрана за импланти за гради кои се поврзуваат со реткиот вид на рак на имунолшкиот систем.

Забраната е за неколку модели на импланти со нерамна површина, а кои ги произведуваат шест поризведувачи и кои се поврзуваат со реткиот вид рак на имунолошкиот систем, пренесува Би Би Си.

Како што се наведува, се верува дека околку 70.000 жени вградиле од забранетите импланти, од околку 400.000 жени колку што во Франција имаат вградено импланти.

Донесената забрана претставува мерка на претпазливост, воведена поради ретката но сериозна опасност која ја носат имплантите, соопштува Националната агенција за лекови и здравствени производи.

Агенцијата наведува дека е забележано 59 случаи на рак помеѓу жените кои вградиле импланти, а од нив три жени веќе починале.
„Што повеќе имплантот е нерамен и груб, поголем е ризикот од добивање на рак“, наведува Агенцијата и додава дека не постои научно објаснување за појавата на болеста и дека се врши набљудување.

Истовремено, жените се советуваат да не одат на операции за вадење на импланти бидејќи ризикот од заболување е многу мал.

Во Франција минатата недела почина основачот на компанијата „РIP“ која произведуваше силиконски импланти полнети со стандарден силикон гел наместо медицински силконски гел, а кој доведува до оштетување на имплантот. Тој во  2013 година беше уапсен и осуден на четири години затворска казна, меѓутоа пред да биде затворена неговата комапанија 80 отсто од имплантите се извезени.

Тој скандал погоди околу 300.000 жени во 65 земји, вклучувајќи ја Франција, Велика Британија, Германија, Венецуела и Бразил.