Во пакети со банани, во супермаркети од синџирот „Алди“ во Росток, североисточна Германија пронајдени се неколку стотици килограми кокаин.
Пакетите со бабани во кои имало кокаин биле пронајдени во шест продавници на „Алди“ во Росток, како и во логистичкиот центар на компанијата во градот Јармен, пренесува „Си ен ен“.
Претпоставката на гермнаската полиција е дека дрогата стигнала од Латинска Америка. Како што јави портпаролот на обвинителството, се претпоставува дека кокаинот на црниот пазар вреди околу 25 милиони евра.


