ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на диви води викендов на Матка – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/19 4:35 PM

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на диви води викендов на Матка

Викендов Матка и Скопје ќе го соберат врвот на европскиот и светски кајак спорт во рамките на педесет и првото издание на Илинденскиот кајак слалом – ИКАС 2019 и Европскиот куп во спуст на диви води – Скопје 2019.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски вели дека со ова ќе се промовираат природните убавини на Скопје, но и ќе се подигне нивото на кајак спортот и спортот воопшто:

„Традицијата на одржување на еден од најстарите спортски манифестации во државата секогаш ќе бидат поддржувани од страна на Агенцијата за млади и спорт“.

Учество на кајак натпреварите ќе земат 64 натпреварувачи од 10 земји во вкупно шест категории.

Во натпреварите на Европскиот куп во спуст ќе настапат 44 натпреварувачи од седум земји, меѓу кои и голем број од водечките имиња во кајак спортот. Томислав Црнковиќ-претседател на светската спуст асоција имаше само пофални зборови за организацијата и условите кои Матка ги нуди, потенцирајќи дека е Матка една од најстарите патеки во Европа, и една од водечките кајак патеки во светот.

„Ме радува фактот за напредок на млади кајакари од државава, кои сериозно грабат на европските кајак листи. Одбележувањето на деценија од првото одржување на тренинг кампот на Матка под водство на врвни инструктори меѓу кои и нашиот Атанас Николовски е новина на кои светската кајак федерација не останува имуна, и остава само простор за пофалба“, рече Црнковиќ.

Утре ќе се одржат квалификациони трки од 10 часот, а во 13 часот ќе се стартува европскиот куп во спуст.

Неделата е резервирана за полуфинални и финални трки во слалом.