Ако сакате чисто и блескаво лице без недостатоци, правилната хигиена е исклучително важна, што значи дека кожата треба природно да ја негувате. Можеби сте од оние кои сметаат дека третманите за лице ја оштетуваат и ја прават кожата погруба, но вистината е дека впрочем, треба само да направите добар избор. Некои козметички производи имаат микрогранули за чистење на кожата и тие се направени од фина пластика. Доколку таа идеја не ви се допаѓа, време е сами да направите природен пилинг за лице.
Ситните честички на пилингот помагаат во отстранување на мртвите клетки и ја поттикнуваат циркулацијата, давајќи и’ свежина на кожата, со штоа ќе ја подготвите за нанесување крема.

Сепак, секојдневното користење пилинг би можело да има лош ефект. Два до три пати неделно е сосема доволно доколку имате масна или комбинирана кожа и еднаш неделно доколку имате сува или нормална кожа. Во продолжение прочитајте неколку совети за тоа како да направите пилинг со природни состојки во домашни услови.
Пилинг од кефир и овесна каша
Овесната каша го омекнува лицето, а кефирот е богат со млечна киселина, што одлично ја регенерира кожата. Ситно сомелена овесна каша помешајте со лажичка кефир. Доколку немате кефир, може да употребите јогурт. Откако ќе ја нанесете, оставете ја оваа смеса петнаесетина минути и измијте го лицето со млака вода.
Пилинг со морска сол и маслиново масло
Морската сол е богата со минерали кои одлично ја регенерираат кожата. Маслиновото масло пак, ја омекнува кожата и ја одржува нејзината еластичност. Се’ што е потребно за овој медитерански природен пилинг за лице е да ги помешате овие две состојки додека не направите паста. Односот на состојките е една лажичка сол и една лажичка масло. Исчистете го лицето со оваа смеса и нахранете ја кожата.
Пилинг за лице од мед и цимет
Медот и циметот се одлична комбинација за отстранување на мртвите клетки од лицето. Овој третман е одличен доколку водите борба со акните. Потребно е да измешате една лажичка цимет и една лажичка мед во мал сад. Вака направената паста нанесете ја на чисто лице. Циметот исто како и метод, влијае врз акните и помага во отстранување на темните флеки на кожата.
Пилинг за лице од мед, зелен чај и шеќер
Сварете зелен чај и оставете го да се олади. Ставете една лажичка чај во мал сад и додадете една лажичка шеќер, но и лажичка мед. Доколку смесата не е доволно густа, додадете шеќер. Исто како и претходните, и овој пилинг треба да се нанесе на чисто лице. Зелениот чај е одличен во борбата против акните и делува како моќен антиоксидант. Медот делува против бактериите, па со самото тоа е одличен за природна дезинфекција на кожата.


