Министерството за образование разрешило 7 директори од вкупно 16 училишта колку што има во Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/19 3:13 PM

Министерството за образование разрешило 7 директори од вкупно 16 училишта колку што има во Гостивар

Министерството за образование разрешило 7 директори од вкупно 16 училишта колку што има во Гостивар. Од секторот за образование при Општина Гостивар, велат дека разрешувањето од страна на министерството е скандалозно и политичко.

Раководителот на секторот за образование и наука Аслиан Снопче, истакна дека ваквата одлука е пред се политичка за време на изборната кампања. Снопче потенцираше дека надлежното министерство треба да се занимава со други работи, а не само со Гостивар каде се разрешуваат директорите кои ги поставува градоначалникот Таравари

Од Министерството за образование одговорија дека постапиле законски, по одлуката на државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Од Секторот за образование при Општина Гостивар, истакнаа дека документацијата околу промената на директорите ќе ја достават до Антикорупциската комисија.

Зоран Димовски