И годинава Сојузот на борци Тетово, ќе се заложи и уверени се дека ќе ги постават спомен бистите на народните херои – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/19 2:58 PM

И годинава Сојузот на борци Тетово, ќе се заложи и уверени се дека ќе ги постават спомен бистите на народните херои

И годинава Сојузот на борци Тетово, ќе се заложи и уверени се дека ќе ги постават спомен бистите на народните херои Ѓоце Стојчевски Амбарче и Тодор Циповски Мерџан, кои вои 2006 година беа остранети од тетовскиот плоштад поради негова реконструкција.

На годишното одржано собрание Сојузот на борци Тетово донесе заклучок да ги информираат сите надлежни институции, да помогнат околу повторното враќање на спомен бистите на двата херои. Ако институциите се противат и се однесуваат игнорантски кон ова прашање, можно е сојузот сами да ги постави пред Споменикот на револицијата во центарот на Тетово.

Освен што се однесуваат игноратски кон овие прашања како во случајот со спомен бистите, конкретно Општина Тетово не ги чествува ниту празниците па поради патриотски но и цивилизирани и европски вредности оваа обврска ја презема Сојузот на борци. Велат дека за ваквите манифестации но и за сите активности, се снаоѓаат како знаат и умеат со подршна на приватни спонзори.

Инаку бистите на народните херои Ѓоце Стојчевски Амбарче и Тодор Циповски Мерџан, беа остранети од градскиот плоштад уште во 2006 година поради негова реконструкција.

Зоран Димовски