Неколку десетици жени од мигрантскиот камп во реонот Симахи Одос во Северна Грција се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, но беа повотрно вратени во кампот.
Патот во близина на кампот, привремено е блокиран. Полицијата е околу кампот, каде во моментот има околу 500 мигранти, вклучително и семејства во мали деца. Тензиите вчера доживееја врв кога неколку стотина мигранти го напуштија кампот, во намера да дојдат до македонската граница. Полицијата успеа да ги спречи со користење на солзавец. Мигрантите тргнале по онлајн повик, со лажна вест дека властите во 12 часот ќе ја отворат границата со Македонија, овозможувајќи мигранти и бегалци да се транзитираат кон северна Европа.
Друга група од околу 200 мигранти ја зафатија и блокираа пругата на станицата Лариса не дозволувајќи одививање на железничкиот сообраќај.
Синоќа околу 500 бегалци и имигранти се собраа во станицата Лариса со намера да се качат на воз до северна Грција. Претставници на Министерството за имиграциона политика, како и силите на МАТ се на трен, но досега не интервенираа.
Објавено на: 04/5/19 12:33 PM


