Конференција „Националната економија во пресрет на ЕУ – предизвици и искуства” – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/19 7:10 AM

Конференција „Националната економија во пресрет на ЕУ – предизвици и искуства”

Во хотелот „Double Тree by Hilton” денеска ќе се одржи регионална конференција на Сојузот на Ротари клубови на Република Северна Македонија, на тема: „Националната економија во пресрет на ЕУ – предизвици и искуства”.

Конференцијата ќе ја отвори Зоран Тодоров, координатор на Сојузот на Ротари клубови на Северна Македонија, а предвидени се и неколку воведни обраќања, мeѓу кои, како што најавија организаторите, и на претседателот на Владата, Зоран Заев, како и амбасадорот на Република Словенија, Милан Језбец.

Во рамки на конференцијата ќе се одржат и три панел-дискусии. Конкретно, ќе се дебатира околу искуствата на земјите во регионот и предизвиците со кои се соочиле нивните економии во пресрет и по влезот во Европската унија, а ќе стане збор и за потенцијалот за раст и ризиците на домашната економија, како и за енергетиката како стратешки економски сектор и нејзиниот потенцијал за развој и прилагодување кон стандардите на ЕУ.

МИА