Прославениот српски стратег, Радомир Антиќ, не се согласува со констатациите на јавноста дека Модриќ е најдобар светски играч.
Тој не се оптеретува со тоа што ќе речат навивачите на Реал, па јасно порача дека смета дека Модриќ не е најдобар играч во светот.
„Модриќ најдобриот играч во светот? Како е тоа можно, кога тој не аси стира и не постигнува голови? Тоа е апсурдно и воопшто не точно“, порача во изјава дадека за реномираниот портал Goal.
„Најдобриот организатор во играта според статистиката е Кевин Де Бруин од Манчестер Сити, а не Модриќ од Реал“, констатира Антиќ.


