Кој ќе биде италијанскиот ПСЖ: Катар влегува во Серија А – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/19 4:02 PM

Кој ќе биде италијанскиот ПСЖ: Катар влегува во Серија А

Осма година по ред Јувентус е најдоминантен тим во италијанското првенство, Наполи и Рома се обидуваа да го стигнат, но не успеаја.

Можеби тоа ќе им успее на Милан или повторно Рома ако се остварат најавите дека државата Катар ќе влезе во некој од нив по примерот на ПСЖ. Преку Катар Ервејс, тие веќе имаат удел во Рома, но целосно можат да влезат само ако Џејмс Палота не одлучи да си замине и не го продаде својот дел од клубот.

Милан е многу поблиску до вакво сценарио. Освен што е клуб со поголема традиција и повеќе трофеи, Елиот фондот има план во блиска иднина да го продаде и да заработи. Тука Катар може да профитира и да ја зголеми својата моќ во европскиот фудбал.