Формирана е комисија за истаржување на конкретната воздухопловна несреќа во која ќе бидат вклучени и експерти од Бугарија, вели директорот на Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Зоран Илиевски.
„Директорот на Центарот за истраги за воздухопловни несреќи и сериозни инциденти на Република Бугарија, Христо Христов, веќе има одредено двајца истражители кои ќе ни бидат на располагање. Но и по меѓународни стандарди и домашната легислатива, експерти од надвор секогаш може да следат истрагата посебно кога се работи за граѓани од нивната држава, а можат и со наша одлука да бидат професионално ангажирани за времето на целата истарга. За тоа ќе видиме дали ќе имаме потреба, но ќе соработуваме до крај“, изјави Илиевски.
Тој додаде дека нема да дозволи истрагата да замине во погрешна насока и нема да прави претпоставки за несреќата. Тој вели дека првиот чекор веќе е завршен односно направен е увид на местото на несреќата, обезедени се професионални фотографии како и дрон видео снимки.
„Се што е земено, еве да речеме на крај и примерок од горивото ќе се праќа на анализа во соодветна овластена институција, иако од Охридксиот аеродром не е земено гориво, па се до анјситното делче на паднатиот воздухоплов“, појаснува Илиевски.
Директорот потврдува дека загинатиот пилот имал коминикација со контролорот кој бил оперативно на смена и најавил дека влегува во силна турбуленција но дали тоа е пресудно за несреќата, Илиевски вели ќе покаже истрагата. Во врска со шпекулациите дека не му било дозволено на пилотот да слета на скопскиот аеродром, Илиевски ги демантира.
„Инаку директорот на контрола на летање, Николче Тасевски и вчера демантираше, дека не му било дозволено да слета на скопскиот аеродром затоа што бил тука премиерот на Република Грција и кој требало да полетува. Веќе дадовме барање до македонската навигација до секторот на воздухопловна навигација. Во Комисијата на преслушување на аудио снимката и на транскриптите, и тогаш ќе бидеме целосно сигурни. Во делот додека се наоѓал над прилепско, побарал и веднаш потоа го откажал барањето и рекол дека продолжува за Софија. Ова останува така, согласно моето сознание а целосната потврда или непотврда ќе биде откако ќе биде преслушано“, одговори Илиевски на новинарско пршање.
Планот за летање пилот сам го прави и сите потребни информации ги добива пред да полета, објаснува Илиевски и додадва дека не постојат рути посебни за ваков вид на воздухопловен авион,и одлуката дали ќе лета или не ја носи пилотот. За изјавата на амбасадорот дека треба да се понесе одговорност, Илиевски потенцираше дека работат на факти и врз основа тоа ќе продолжат.


