(ВИДЕО)Македонската истрага одговори на сомневањата на бугарскиот амбасадор – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/19 1:08 PM

(ВИДЕО)Македонската истрага одговори на сомневањата на бугарскиот амбасадор

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов во врска со авионската несреќа на Јакупица во која загина четиричлено бугарско семејство, индиректно повика на одоговорност на македонската контрола на лет. Според амбасадорот, пилотот добил дозвола за лет и покрај лошото време, а „штом пилотот имал дозвола, некој треба да ја понесе оваа одговорност дека дозволил да лета авион по тоа време“.

Директорот на Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Зоран Илиевски, рече дека точно ќе  се знае кога ќе ги добијат предвидување на Метео службата од аеродромската служба на летање од Македонска навигација од Охридскиот аеродром, кои тие службено ги бараат и се дел од официјалната истрага.

-Времето дали било лошо, тогаш ќе прочитаме и тогаш во нашиот извештај ќе дадеме целосна информација и колку тоа влијаело да дојде до оваа несреќа. Дека во Охрид имало ветери и бранови во езерото, како што изјавил амабасадорот, тоа за нас не е релевантен факт. Релевантен факт е само тоа што го има на хартија ставено од официјалниот орган или компанија. Дали повлијаело, не знеме, треба да истражеме за да дојдеме до официјален факт, изјави Илиевски.