100 килограми катран пронајдени во напуштена куќа во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/19 9:32 AM

100 килограми катран пронајдени во напуштена куќа во Кавадарци

Десет канти со суров опиум- катран се пронајдени во напуштена куќа во Кавадарци, информираа од полицијата. Вкупната количина што е запленета е стотина килограми.

„ Вчера во 18.45 часот во напуштена куќа на улица „Рајна Соколова“ во Кавадарци биле пронајдени 10 канти со тежина од околу 100 килограми со непозната тврда кафена материја – најверојатно катран од афион“ рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ангел Данов