Лошите временски услови се веројатнa причина за уривањето на авионот со четиричлено бугарско семејство на планината Јакупица.Ова е став на бугарски сксперти по авијација, кои се сомневаат во теоријата на неисправен мотор .
-Летовите во планински услови се познати како особено комплексни. Има такви проблеми, кои пилотот би требало да земе во предвид. Станува јасно дека тој наишол на голем облак, моќен облак, кој може да предизвика сериозни турболенции”, објасни инжинер Марин Петров , асистент за безбедноста на лет во ТУ-Софија.
– Авионот изгубил просторна ориентација и долго време лутал во воздухот каде точно да продолжи. Жителите на блиското село потврдија дека тој долго време лебдел над селото . Претпоставувам дека се изгубил. Овие авиони летаат по правилата на визуелните летови , т.e. тие користат визуелна навигација, за да летаат, комeнтира Димитар Ставрев, уредник во” Клуб крилја “.
Амбасадорот на Бугарија во Македонија коментира дека времето било исклучително лошо , па дури и во Охридското Езеро имало бранови, но и покрај тоа, авионот слетал откако добил дозвола.
-Најчестата теза за падот на авионот е лошото време. Веројатно имал дозвола за полетување. Штом имал дозвола, некој треба да ја понесе одговорностa дека дозволил да лета авион по тоа време. Ова ќе се прецизира. Тече процес на идентификација, тој нема да е брз, бидејќи засега ние не најдовме никакви документи”, објасни Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Македонија.

Можно е роднините на загинатите да допатуваат во Македонија за да дадат ДНК материјал за идентификација.
-Не може да се извлечат конкретни заклучоци за причините за падот на авионт, додаде бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Маринов.
-Од македонските власти се’ уште не сме добиле ништо за авионот, тој е регистриран во Германија, чекаме германските колеги евентуално да ни помогнат, тие сигурно ќе ни помогнат – да ја видиме подготвеноста за летање, дали е технички исправен и сл. Варијантите се многу, премногу . Ако сега, во моментов, кажеме некоја од претпоставките, скоро сум убеден дека ќе биде погрешно”, изјави Владимир Лешев, од “Цивилна воздушна пловидба”.
-Ако еден авион побара слетување, никој нема право да му откаже. Сите радио разговори со пилотот се чуваат согласно меѓународните барања. Според последните разговори пилотот вели дека има турболенција, но не вели дека сака слетување. Тој не паднал во реонот на аеродромот, а ја поминал и прелетал оваа зона и веќе бил кон бугарската граница – на 35 километри од Скопје, коментираше пред БТВ Христо Христов, директор на Специјализираната единица за истрага на воздухопловни настани.
Пилотот е со над 300 часови лет и бил доволно искусен, иако според воздухопловни експерти лошото време го изненадило пилотот , бидејќи според планот, тој предвидел да лета на многу поголема височина. Христов додаде дека кај овој тип на авиони, нема уред сличен на црната кутија која ги чува податоците.
-Аматерите пилоти немаат доволно добра подготовка, за да ја анализираат метеоролошката ситуација , но имаат канал за поврзување со РВД со дежурни метеоролози. Во записникот пред несреќата, се слуша дека пилотот зборува за турбуленции, коментираше тој.
Според него, во истрагата постојат тези – човечки фактор, технички проблеми, метеоролошката состојба и здравствената состојба. Тој верува дека пилотот е затечен од лошото времето.
-Тој го планирал летот на ешалон 163 – тоа се 4 900 метри надморска височина. Во овој регион највисокиот врв е на 2 500 метри – тој требало да лета многу високо, пилотот сам ја одредува висината, но не може да лета во облаците, лета под облаците. Ако овој фронт го пресретнал кога барал контакт со земјата, требало да лета 50 метри под долната граница под облаците, за да има визуелна ориентација со земјата. Претпоставувам дека времето го принудило да ја намали висината, таму има вертикални струи кои создаваат услови за пропаѓање на авионот , коментира Христов.
Висината на која настанала несреќата изнесува 2200 метри, што значи дека авионот бил на 300 метри под највисоката точка.
Христов додаде дека не го исклучува факторот- технички проблем. Според меѓународните правила истрагата ја води земјата каде се случила несреќата. Ако таа држава не може, тогаш истрагата ја презема државата во која е регистриран воздухопловот, во овој случај Германија, а потоа Бугарија, бидејќи пилот е бугарски државјанин.


