Евроамбасадорот Жбогар ќе одржи предавање на Факултетот за безбедност – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/19 7:08 AM

Евроамбасадорот Жбогар ќе одржи предавање на Факултетот за безбедност

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар, денеска ќе одржи предавање на Факултетот за безбедност-Скопје, во рамки на Дипломатскиот форум на факултетот.

Целта на предавањето е преку дискусија на актуелни теми кои се важни за европските интеграции да се нагласи значаењето на периодот на целосна стабилизација на безбедноста на земјава, нејзиниот развој и соработка, очекувањето земјата да ги започне преговорите со ЕУ, како и за предизвиците во регионот.

По предавањето ќе следи дискусија во која ќе земат учество студентите и професорите на факултетот.

Активноста е во рамки на воспоставувањето поинтензивна соработка на Факултетот за безбедност-Скопје со странските дипломатски претставници во земјава.

МИА